Wednesday, September 16, 2009

Тековни проекти на информатичката секција

Wednesday, September 16, 2009
Оваа година информатичката секција ќе биде ангажирана во повеќе проекти од меѓународен карактер.
Проектот Europe Via Media се работи преку etwinning платформата во партнерство со училиштaта Základná škola s materskou školou Hriňová, Slovakia и “Liviu Rebreanu” School Mioveni Romania. Во рамките на проектот на секои два месеци ќе се креира заеднички весник на англиски јазик со различна тематика за секој број. Во овој весник ќе се обработуваат теми како: образовните системи на земјите учеснички, традициите и обичаите, традиционални јадења, историјата на земјите, ученичкиот живот и друго. Паралелно со печатениот весник се работи и онлајн верзија на адреса: europeviamedia.blogspot.com. Секој месец учениците ќе имаат по еден мултимедијален предизвик: 1. Фото сторија на мојот град, 2. Интервју со личност од мојата заедница - поставување на интервјуот во вид на подкаст на Интернет, 3. Видео интервју 4.Видео презентација на обичаи од мојот крај.

Проектот The International Country Fair Project, е проект во кој учествуваат училишта од земји од целиот свет. Во овој проект информатичката секција работи заедно со секцијата по географија водена од наставникот Лазар Зафиров. Идејата е следната: учениците одбираат земја која сакаат да ја запознаат, и преку порталот epals.com се запознаваат со деца од таа земја.Преку размена на електронска пошта преку целата година тие учат многу интересни работи за земјата која ја избрале, традициите, за децата, нивните училишни обврски, нивното слободно време и тн. На крајот на годината ќе се организира Саем на кој учениците ќе презентираат што научиле за тие земји. Исто така за една од замјите, најверојатно Бразил ќе се изработи и вики страница.

Проектот Video introducing of our community е проект преку порталот IEarn. Во овој проект учениците ќе изработат видео со кое пред нивните другарчиња од целиот свет ќе ја претстават нивната заедница. Видеата ќе се изработат на македонски, англиски и на француски јазик. Видеата ќе бидат поставени на веб сајтот nextvista.org.

Letsgolangugage.com е веб сајт кој е продукт од etwinning проектот со исто име. Тоа е портал кој ви помага во изучување на странски јазици. Нашите учениците помагаат во изработката на делот за изучување на македонскиот јазик со што придонесуваме во негово популаризирање.

Проектот European Languages Day е како што кува неговиот наслов: прославување на Денот на европските јазици 27 септември. За таа цел учениците изработија разгледници со пејзажи од нашиот град, во кои се претставија на своите другарчиња од Европа на македонски, на англиски и на француски јазик. Разгледниците ги изпративме до училиштата партнери во овој проект: Англија, Франција, Полска, Чешка, Италија. Во меѓувреме се креира и блог www.europeanlanguagesproject.blogspot.com на кој се поставуваат видеа, слики, подкаст, презентации. На Денот на европските јазици ќе се читаат примените разгледници, ќе се гледаат видата на блогот и ќе се научат основните фрази на европските јазици.

0 comments:

Post a Comment

 
Е - весник. Design by Pocket